Тотенхем денеска пишува историја. Ќе го одигра првиот натпревар на новиот „Вајт Харт Лејн“ после 1150 денови талкање како „бескуќник“. Ривалот на „Спарс“ е Кристал Палас (20.45), а пред натпреварот ќе биде одржана церемонија по повод отворањето на ова велелетно здание во Лондон кое го чинеше Тотенхем речиси 1 милијарда фунти. Капацитетот му е 62,069 места за седење.

„Доволно долго чекавме. Преселбата се одложуваше неколку пари, но на сето тоа дојде крај“, велат од Тотенхем. Новиот дом на „Спарс“ изгледа моќно. Засега името му е „Нов Вајт Харт Лејн“ или „Стадион на Тотенхем“ но ќе биде променето кога ќе биде пронајден спонзор.

Освен фудбал тука ќе се играат и НФЛ натпревари, а се планираат и концерти. На крајот на овој проект, Тотенхем ќе може да се пофали дека го има најголемиот клупски стадион во престолнината на Англија, поголем од оние на градските ривали Арсенал и Челси.