Десното крило Иван Чупиќ истакна дека тој и неговите соиграчи вечерва во исто време се со измешани емоции, поради тешката повреда на Дисингер. Тој смета дека Вардар загубил важен играч.

„Фала на честитките, ама штета за Дисингер изгубивме многу важен играч, мислам дека го загубивме. Овој медал и ова се е денеска за него. Денеска сме среќни и тажни. Што се однесува до натпреварот, цврст меч како и секое финале. Почетокот лошо го отворивме, после имавме мали падови, технички грешки но мислам дека на крај заслужен триумф и вчера и денеска. Сега малку да се собереме,и од денеска се фокусираме на Пик Сегед.“, изјави Чупиќ.