Играчот на Челзи Еден Азар не пропушти можност да го „пецне“ својот градски ривал Тотенхем по повод преселбата на новиот стадион. Тој во една изјава истакна дека на клубот му недостасуваат трофеи.

„Тотенхем несомнено е еден од најдобрите тимови во последните 4-5 години. Имаат добри играчи. Челзи во изминатите неколку години освои неколку трофеи. Сега Тотенхем доби и нов стадион, но немаат она најважното – трофеи. Се надевам дека така и ќе остане“, изјавил Азар.

Навивачите на Тотенхем сигурно дека нема да му ја простат оваа изјава на Азар која може да остави последици на следниот нивен меѓусебен дуел.