Еурофарм Работник го совлада Металург со 25:32 (12:13) во одличното издание на екс-ракометарот на тимор од Автокоманда, Филип Кузмановски. Македонскиот репрезентативец мечот го заврши со осум погодоци, беше прв стрелец во редовите на битолчани.

Стевче Алушовски има право на задоволство, испрати комплименти на сметка на Кузмановски, но и предупреди дека ќе морат да газат цврсто на земја.

„Прв натпревар за нас во Суперлигата и сосема успешен. Мислам дека Филип Кузмановски беше нашиот лидер и човекот кој ја понесе екипата. Победивме еден голем противник во битката за второто место, но со ова ништо не е завршено. Веќе в недела не очекува градска пресметка со Пелистер, а оние кои добро знаат за каков клуб се работи, знаат дека во Битола тешко дека некој може да биде фаворит против Пелистер, па и таму мора да бидеме максимално сериозни доколку сакаме победа. Секако среќни сме затоа што Металург, со исклучок на Вардар, никој не го победил на негов терен“, изјави стратегот на битолчани.