Некогашниот тренер на Атлетико Мадрид, Барселона, Селта и екс-селектор на Србија Радомир Антиќ се чуди како може да го изберат Лука Модриќ за најдобар фудбалер на светот, а има толку многу играчи со подобар ефект од него. Тој посочи дека Антоан Гризман, Филипе Кутињо или Кевин де Брујн повеќе заслужуваат да ја добијат престижната награда од Хрватот.

Како може Модриќ да е најдобар? Неговиот избор за најдобар играч на светот нема никаков смисол. Тој не асистира, ниту постигнува голови. Потребни ви се играчи како Де Брујн, покрај кого сите други играат добро“, порача српскиот тренер кој посочи дека доколку Гризман би заминал во Барселона би направи грешка.

Гризман е плејмејкер, а Барселона игра без играч за врска. Доколку го донесат ќе заврши на клупата затоа што нема да го пронајде своето место во тимот. На Барса не и е потребен Гризман, можеби на Реал повеќе би му требал“, вели Антиќ.