И покрај тоа што во јавноста во изминатите неколку дена се шпекулираше за смена на Томас Дол на кормилото на Хановер, сепак, искусниот тренер останува на чело на овој клуб најмалку до крајот на сезоната.

Ова е извесно по разговорите на Дол со управата на клубот која му дава полна доверба. Договоро со Дол е до крајот на идната сезона, но на тимот во моментов не му „цветаат рози“, односно се наоѓа блиску до испаѓање.

Токму од тука решеноста да се задржи Дол со оглед дека кој и да дојде сега, тешко ќе го извади тимот од оваа агонија. А, дали ќе продолжи да биде тренер и идната сезона, тоа допрва ќе се разговара.

„Дол ќе ја доработи оваа сезона. Сега останува да се фокусираме на финишот од првенството. Дури потоа ќе разговараме за идната соработка“, соопшти Мартин Кинд, главниот сопственик на клубот.