Како минатата година, така и овој април ќе се одржи Фицбол мемориалниот турнир, во организација на КК Водно Санс Партизан и семејството Сотирови, во чест на Филип Сотиров-Фицдетето кое сакаше да биде голем кошаркар. На заедничко задоволство повторно ни гостуваат екипите на Барселона од Шпанија и Партизан од Србија. Меѓу учесниците на турнирот се и Аудентес од Естонија, Пантер од Црна Гора, Задар од Хрватска, Будучност Бјелина од Босна и Херцеговина, како и Балкан од Бугарија. Кошаркарите кои ќе учесвуваат на овогодинешниот турнир се од генерацијата 2004.

Натпреварите ќе се одиграат во малата сала „Борис Трајковски“ од 05-07.04.2019 година, а свеченото отворање на настанот ќе биде во 16:30 часот каде по обраќањето на Марко Сотиров, братот на Филип, официјално ќе започнат и натпреварите.

Покрај тековните натпревари во недела (07.04.2019) посетителите ќе имаат можност да ги бодрат најдобрите натпреварувачи од секоја екипа во шут за 3 поени, а воедно и да уживаат во натпреварот за забивање.

Фицбол покрај натпреварувачкоит има и хуманитарен карактер, па така и оваа година тимовите ќе донираат во рамките на нивните можности.

Тимот на Фицбол ве поканува на дружење, а со тоа и да ги поддржите младите спортисти, влезот за сите натпревари е слободен.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ: