Англискиот Вулверхемптон направи голем чекор во задржување на костурот на екипата со тоа што денеска го откупи договорот од Бенфика на еден од најдобрите фудбалери сезонава Раул Хименез. 27-годишен напаѓач, инаку дете на Клуб Америка од Мексико пристигна во Европа, прво во Атлетико Мадрид, а потоа во Бенфика, а сега на „Молину“ каде игра како препороден.

Во 32 натпревари во најсилната англиска лига Хименез реализира 12 голови и 7 асистенции.

Иако клубот не соопшти детали, Вулверхемптон и платил на Бенфика рекордни за клубот 30 милиони фунти (35 милиони евра) за овој играч кој стави потпис до летото 2023 година.