Римски Лацио потврди дека испратил понуда од 20 милиони евра за ангажман на Елиф Елмас од Фенербахче. Македонскиот репрезентативец би можел да биде вториот фудбалер од нашата земја во историјата на клубот, и да тргне по стапките на Горан Пандев.

Елмас би требало да пристигне како замена за Сергеј Милинковиќ – Савиќ кој што е на излезна врата од клубот, односно за него има интерес од големите клубови како Манчестер Јунајтед, Милан, Реал…

Тешко дека Лацио ќе одолее на некоја понуда, па од тука сака уште од сега да најде замена.

Пред неколку недели Фенербахче одби сума од 15 милиони евра од Кардиф, но сега оваа понуда со повисока цена и тоа како е примамлива за клубот од Истанбул.

За Елмас заинтересирани се и неколку клубови, меѓу кои е и Фиорентина.