МЗТ Скопје не успеа да дојде барем до една победа во финалната пресметка со Приморска, по двата порази на гости, вечерва беше совладан и на домашен терен. Кошаркарите на македонскиот вицепрвак не само што не ја искористија првата шанса да се вратат во АБА-лига, тие во СЦ „Јане Сандански“ гледаа како Приморска го подигна пехарот и радува на третата победа.

Ѓорѓи Кочов и неговите момци имаат уште една шанса, ќе одиграат бараж дуел со Задар. Се игра во две добиени, хрватскиот тим е домаќин на првата средба.