Откако вчера по петти пат ја одвоија СЕХА-лигата и ја продолжија „црвено-црната“ доминација во регионот, вардаровите ракометари (барем поголемиот дел од нив) денеска се враќа во Скопје.

Патот до дома е многу полесен кога со себе се носи и титулата.

Вардарци денеска по пристигнувањето во Скопје ќе добијат неколку слободни дена за одмор, а оние кои имаат обврски со националниот тим продолжуваат во своите земји со оглед на тоа дека ги чекаат обврски во ЕХФ неделата.