Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го промени првичниот скратен список. Предводникот на „црвено-жолтите“ за собирот закажан за во понеделник ги повика голманот Мартин Томовски од Металург и левиот бек на Мартин Манасков од тимот на Пролет.

Македонија првиот дуел со Исланд го игра на 10. април на гостински терен, додека четири дена подоцна во Скопје се игра реваншот.