Македонската женска фудбалска репрезентација со 1:3 загуби од Косово на првиот пријателски натпревар одигран во Ѓаково.

Теодора Димоска, фудбалерка на Тиверија Струмица, го постигна единствениот погодок за нашата селекција.

Македонија и Косово ќе одиграат уште еден пријателски натпревар, в недела, но локацијата се уште не е позната.