Во недела под Шара се игра градското дерби меѓу Шкендија и Ренова, дерби кое секогаш побудува голем интерес во мак – фудбалот. Билетите се веќе во продажба, се очекува пристојна посета на трибините, но Шкендија е во проблеми, барем кога се однесува до играчкиот кадар. Имено стратегот Ќатип Османи вероајатно ќе мора да го започне мечот без Костадин Захов и Арменд Алими, и двата клучни играчи за лидерот и шампионот.

Голманот последните десет минути во Струмица, на мечот со А. Пандев ги бранеше повреден, има болки во пределот на рамото, додека капитенот пак излезе од игра уште во 59. минута исто така поради повреда. Од докторскиот тим на клубот до недела се ќе сторат и двајцата да можат да се најдат во тимот, но засега тоа оди многу тешко.