Кристијано Роналдо ќе биде во составот на Јувентус за четвртфиналните дуели со Ајакс во Лигата на шампионите. Оваа информација ја потврди стратегот Максимилијано Алегри, кој се надева дека ќе може да смета на услугите на Португалецот.

„Има позитивни сигнали од Роналдо во пресрет на натпреварите со Ајакс“ – истакна Алегри.

Роналдо, кој во настапот за националниот тим заработи повреда, нема да биде во тимот за дуелот со Милан, утре во рамките од Сериа А.