Англискиот репрезентативец и фудбалер на Тотенхем, Дени Роуз искажа големо разочарување поради расистичките навреди кои ги доживеа на квалификацискиот меч меѓу Црна Гора и Англија, а ја критикуваше и УЕФА дека висината на казната за таквото однесување е мизерна.

„Доста ми е, едвај чекам да завршам со фудбалот. Имам уште пет-шест години кариера пред себе и не можам да дочекам да заврши оваа фарса… Страшно е како некој може се да уништа за една минута…“, изјави Роуз и додаде:

„Има премногу политика и глупости во фудбалот, не се пронаоѓам во тоа. А, што се однесува до казната, тажно е колку е тоа мизерно. Поеќе пари трошам на излегување во Лондон, отколку на казната која ја добиваат. Ако не бидат казнети драстично што очекувате?“