Актуелниот шампион, Работнички потпиша три засилување во преодниот рок во само 24 часа. Марин Докузовски и челниците на клубот за одбрана на титулата во домашниот шампионат и освојување на круната во Купот на Македонија ја разгледаа моменталната ситуација и донесоа одлука дека со овој состав тешко же можат да дојдат до посакуваната цела.

По Американецот Ксавиер Џонсон и Стефан Младеновиќ, тимот од „Градски парк“ го потпиша и Дарис Вашингтон. Станува збор за натурализираниот Македонец, кој има 33-години и последен пат настапувал во Ираклис.

Работнички во првото коло од Супер-лигата е гостин на Куманово.