Иако се држеа одлично цели 60 минути без Диего Коста кој беше исклучен во 28. минута од првото полувреме, фудбалерите на Атлетико Мадрид не успеаја да извлечат ниту бод од жешкото гостување на „Камп Ноу“. Барсеона во две минути (85 и 86 минута) успеа со два гола да го реши големото дерби во Ла Лига, да ги освои трите бода и да направи уште еден голем чекор кон одбраната на шампионската титула.

 

Првиот гол за каталонците беше дело на Луис Суарез, кој со прецизен удар од далечина успеа да го скрши отпорот на гостите, кои на голот го имаа феноменалниот Јан Облак, кој претходно имаше три брилијантни одбрани. Само минута откако Уругваецот погоди, Меси ја запечати судбината на гостите со гол за 2:0.

Барселона по денешниот триумф има цели 11 бода предност пред Атлетико на врвот на табелата и сигурно чекори кон нов шампионски наслов.