Најинтересен натпревар попладнево во Бундеслигата беше во Леверкузен, каде домашниот Баер имаше водство на два пати, и на крајот загуби. Интересно е тоа што при 2:1, на „фармацевтите“ им беше поништен гол за 3:1, а потоа Лајпциг направи пресврт најпрво 2:3, за на крајот да триумфира со конечни 2:4. Сабицер, Вернер, Форсберг и Куња, додека два гола за Леверкузен постигна Хаверц.

Херта на домашен терен беше изненадена од Фортуна Дизелдорф, и поразена со 1:2, со што тимот од Берлин и дефинитивно ги загуби шансите за пласман во Европа идната сезона.

Шалке, пак, грчевито ќе се бори за својот опстанок до крајот на превенството по денешниот пораз од Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен со 1:2. Тимот од Франкфурт, пак, и натаму е во игра за Лигата на шампионите идната сезона. Ребиќ и Јовиќ донесоа победа за гостите. Јовиќ погоди во деветата минута од судиското продолжение.

Штутгарт и Нирнберг одиграа 1:1, а Волфсбург го совлада Хановер со 3:1.

Вечерва се игра големото дерби помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

РЕЗУЛТАТИ:

Баер Леверкузен – Лајпциг 2:4

Херта – Фортуна Дизелдорф 1:2

Шалке – Ајнтрахт Франфкурт 1:2

Штутгарт – Нирнберг 1:1

Волфсбург – Хановер 3:1