Ракометарите на Охрид ја совладаа Струга со 22:20 во големото локално дерби во рамките на плеј-аут делот од ракометната Супер лига. Во интересен и неизвесен натпревар, домашните и се израдуваа на победата која ги остава на врвот на табелата во плеј-аут групата.

Оваа победа дојде како реванш за поразот кој Охрид го претрпе на гостувањето кај стружани на почетокот на минатиот месец со 29:25.  Инаку, во првото полувреме беше тесно и се играше гол за гол, за во вториот дел Охрид успеа да се одлепи и на највисоки плус 5 кон средината на полувремето. На крајот гостите само го ублажија поразот.

фото: оhridnews.com