Македонија со тројца боксери во сениорска конкуренција, Арсим Етеми, Јасин Љама и Џан Демиров учествува на меѓународниот турнир „Влазнија 2019“, кој се одржува во Скадар, Албанија.

Нашиот прв претставник Арсим Етеми го заврши настапот уште во првата борба со пораз од Италијанецот Симоне Фиори во категоријата 81кг.

Денеска настапуваат Џан Демиров во категоријата 56кг, како и Јасим Љама во категоријата 60 кг., а и двајцата веќе се во полуфиналето на турнирот.