Одамна германскиот Класикер немал поголема тежина од овој што нѐ чека во сабота (18.30). Јасно дека Борусија долго не беше на ова ниво, па Баерн немаше вистински конкурент во борбата за титулата. Во пресрет на дербито на сезоната „милионерите“ имаат предност од два бода, па така нема сомнеж дека на „Алијанц арена“ ќе гледаме еден вид на „суперфинале“.

Дортмунд се измачи минатата сабота, успеа во судиското надополнување на времето со головите на Пако Алкасер да го скрши жилавиот Волфзбург, а Баерн одигра само 1:1 против Фрајбург.

Сега се поставуваат прашањата: дали во редовите на Борусија остана сила за да се надигрува со Баерн или дали „баварците“ се чуваа за овој меч односно за завршницата на сезоната?

ГЕРМАНИЈА 1 – 28. коло

БАЕРН – ДОРТМУНД

сабота 18.30
Шифра: 3023

МОМЕНТАЛЕН ПЛАСМАН
1.Дортмунд 27 меча 63 бода
2.Баерн 27 меча 61 бод

ПРЕДЛОЗЗИ

ТГГ ГГ     1,55
КМБ 1X& 3+       1,73
* Квотите подлeжат на промени

КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА СИТЕ КВОТИ

Формата на двата тима е во благ пад. „Баварците“ ги заболе елиминацијата од Лигата на шампионите. Потоа се „истресоа“ на Мајнц (6:0), но во Фрајбург убаво се виде дека многу работи не се како што треба. Дортмунд подолго време е во криза. Трите последните средби ги доби со многу напор, воглавно со погодоци во судиското продолжение, меѓутоа и тој податок може да се гледа од позитивна страна – шампионски ген.

Во Дортмунд многу работи ќе зависат од Марко Ројс. Тој не му беше на располагање на тренерот минатиот викенд затоа што присуствуваше на пораѓајот на својата сопруга. Ако виде здрав и ведар, па уште во тандем со брзоногиот Џејдон Санчо и инспиративниот Марио Геце – Баерн може да има проблеми. Од друга страна Баерн сигурно ќе удира на ранливата одбрана на гостите. Може да одлучи инспирацијата на Хамес Родригез, со оглед на тоа дека и Рибери и Коман и Гнарби се во дискутабилна форма. А без нив Левандовски не може да биде вистинскиот. За Милер да не зборуваме… Малкумина го сметаат за сериозен фактор.

На Дортмунд му одговара и реми, Баерн мора на победа. Ако биде нерешено, „милионерите“ ќе имаат се во свои раце. Отворен пат до титулата – прва по 2012 година.