Григор Димитров, бугарскиот тенисер и голем плејбој, има нова девојка. Откако раскина со мега популарната Никол Шерцингер, инаку екс девојка и на Луис Хамилтон, тој веднаш си ја ќари Михаела Филева, позната во шоу – бизнисот во Бугарија. Таа кај нашиот источен сосед важи за секс бомба.  На Гриша добро му оди со девојките, барем таков успех да има и во тенисот ќе биде уште подобро за него. И нему му е јасно дека се уште е далеку од класата на еден Новак, Рафа, Роџер…