По поразот од Шкендија на свој терен во средата, веќе утре тимот на Академија Пандев го чека уште еден тежок натпревар. Во дербито на 27. коло струмичани му гостуваат на Вардар.

„Штета што не се игра на Арената, нам како екипа ни одговара добар терен, но што е тука е. Вардар е домаќин и тој одредува каде ќе се игра овој дерби меч. Нема ништо ново да кажам ако споменам дека ќе ни биде тешко. Нашиот утрешен противник е силен тим, достоен за респект. Ние пак ако сакаме да дојдеме до добар резултат мора да бидеме паметни, да одиграме мудро. Добра вест за нашиот тим е што се враќаат Стоилов, Стојкоски и Стојков. Дориев се уште е повреден, тој ќе биде со нас а дали ќе заигра останува да се види“ изјави за „Спортмедиа“ Југослав Тренчовски, шефот на струшниот штаб на „пандевци“. Инаку струмичани вечерва се во карантин во еден од хотелите во Скопје, каде во мирна атмосфера ќе го дочекаат утрешниот дуел со Вардар.