Фудбалерите на Сараево ја потврдија шампионската форма и со убедливи 3:0 го совладаа тимот на Железничар на гости во вечното дерби во Босна и Херцеговина. Со еден гол во победата на гостите учестуваше и нашиот репрезентативец Крсте Велкоски, кој погоди во 15. минута.

Сараево ја оствари и 17-тата сезонска победа со која стигна на +9 во однос на второпласираниот Зрински, кој својот меч од тековното коло ќе го одигра утре дома против Крупа. За Крсте Велкоски ова беше 10 гол сезонава во дресот на Сараево.