Повредата на Давид Сантон против Фиорентина повторно ја стави Рома во неповолна ситуација затоа што никако не може да крене глава од проблеми со повредени фудбалери. Еузебио ди Франческо претходно, а сега Клаудио Раниери мора да импровизираат затоа што ги немаат на располагање најдобрите фудбалери, па така се принудени од меч на меч постојано да ротираат. Со повредата на Сантон повторно се отвори прашањето – што се случува во Рома. Дури 42 мускулни побреди оваа сезона – поразителен факт на кој клубот работи но до сега никако да открие поради што толку лесно се повредуваат играчите.

Паул Ронгони, кондицискиот тренер на Марсеј и десна рака на Руди Гарсија даде свое објаснување. Ронгони и Гарсија работеа претходно во Рома и запознаен е со ситуацијата.

„Ќе почнам од факторите кои ги исклучувам од стартот. За честите повреди ги обвинуваат лошите летни подготовки. Не мислам дека Ди Франческо погреши нешто на тие подготовки. Тие си почнаа уредно, во склоп со можностите на фудбалерите, а имаше и доволно време за одмор. Тоа не е причината иако многумина го велат спротивното“, изјави Ронгони кој даде пример.

Кевин Стротман од Рома пристигна во Марсеј на 28 август минатата година откако ги помина летните подготовки со „волчицата“. Претходно Холанѓанецот долго време заздравуваше поради сериозна повреда,

„И ние и Рома од иста компанија ги користиме евалуациските тестови (Мапеи). Три недели откако дојде во Марсеј, Стротман беше тестиран и резултатите баа фантастични. Тој беше во одлична кондиција. Тоа е знак дека летните подготовки не се одразиле на неговото здравје ниту на формата“, вели Ронгони.

Според поранешниот кондициски тренер на Рома, постојат повеќе параметри за големиот број на повредени играчи.

„Никогаш не постои една причини, повеќе фактори се во прашање. Кога работев во Тригорија (тренинг центарот на Рома) имав забелешки на терените. Тврда подлога може да доведе до повреда на листот на ногата, колената и бутните мускули. Верувам дека многу луѓе кои работат во Тригорија ќе се согласат со моето мислење“, кажува Ронгони кој додава:

„Следно може да стави големиот број на натпревари кои тимот ги игра во текот на една сезона. Лани беше и Светското првенство, а многу фудбалери играа на турнирот, а претходно и во квалификациите. Плус екипата не е млада. Кога играч на околу 30 години почне да игра 60 натпревари во една сезона без доволно одмор и релаксација тоа е голем проблем. Веднаш постои ризик за повреда. Плус ако е лоша и нередовна исхраната, сето тоа влијае на телото на играчот“, анализира кондицискиот тренер.