Кошаркарите на Црвена Звезда обезбедија место во финалето на АБА лигата, откако вечерва славеа со 84:63 против екипата на Партизан во третиот полуфинален меч. Со победа од 2:1 во серијата, белградските „црвено-бели“ обезбедија место во големото финале, каде за противник ќе ја имаат екипата која ќе ја добие „мајсторката“ од дуелот меѓу Цедевита и Будуќност.

Партизан одигра многу лош меч, затоа што во еден период од средбата имаа очајну 20% реализација. Звезда имаше неверојатна вечер со шутеви за 3 поени, па успеаја да погодат дури 11 од 22 (50%) и со тоа не му дозволија на противникот да им се приближи во ниту еден момент. Најефикасни кај домашните беа Перпероглу со 18 поени, додека кај Партизан Маринковиќ постигна 12 поени.