Италијанскиот фудбалери шампион Јувентус иако одигра лошо прво полувреме, ја потврди шампионската форма и со пресврт во вториот дел дојде до победа над екипата на Милан во дербито на 31. коло во италијанската Серија А лига. „Росонерите“ беа подобар тим во првите 45 минути ис о голот на Пјонтек имаа водство од 1:0.

 

Беше сосема јасно дека „Старата Дама“ мора да покаже сосема поинакво лице во вториот дел ако сака да се спаси од пораз. Притисокот наметнат од првата минута во продолжението, даде резултат пос амо 15 минути игра во вториот дел. По прекршокот на Мусакио над Дибала во шеснаесетникот на Реина судијата покажа на белата точка, а Дибала успешно реализираше за израмнување на 1:1.

Одлуката падна во 84. минута, кога по грешка на гостинските едеанзивци, Пјаниќ освои топка и испрати одлична топка за Кин кој успеа да го погоди долниот десен агол од голот на гостите за победа од 2:1.