Давид Бабунски го постигна вториот гол сезонава за својот клуб Омија Ардија. Утринава Бабунски стрелаше прецизни во 92. минута за победа на Омија од 2:0 на гостувањето кај Кагошима во 8. коло од јапонската Втора лига.

Нашиот фудбалер влезе во 86. минута и шест минути подоцна прими топка во нападот, ја измами противничката одбрана и со убав и елегантен шут ја затресе мрежата на домаќините. Неговата Омија се искачи на седмото место на табелата.

Рековме ова е втор негов гол сезонава за Омија, а првиот го даде во победата на неговата екипа на гости кај Токушима (1:0) минатиот месец.