Во битката за опстанок во шпанската Ла Лига, фудбалерите на Леванте испуштија шанса да ги освојат сите три бода на домашен терен на дуелот со Уеска, откако вечерва одиграа само 2:2. Барди и компанија двапати водеа на дуелот со Уеска, но гостите двапати успеваа да се вратат со живот и на крајот да се изборат за бод, кој нив и не им значи толку, колку што им ја отежна работата на Леванте во бекството од црвената зона.

Барди стартуваше во првиот тим за Леванте, одигра цел меч, но имаше само едно клучно додавање и еден обид да се матира противничкиот голман.

Еден од главните конкуренти во трката за опстанок, Селта, во истовреме во Виго пред своите навивачи ја совлада екипата на Реал (С) со 3:1 и дојде на бод од Леванте на 16. место на табелата.