Швајцарскиот тенисер Стен вавринка изјави дека неговиот сонародник Рожер Федерер е најдобриот играч во историјата на спортот. Вавринка, кој до сега има освоено три Грен Слем титули, вели дека да се игра против членовите на „големата тројка“ бил најголем предизвик за него. Сепак, и покрај тоа, и тој успеваше да најде начин како да ги совлада и Федерер и Ѓоковиќ и Надал.

„Најтешко е кога си дел од генерацијата во која се и Федерер и Надал и Новак Ѓоковиќ. Навистина е тешко да се носиш со тоа и да најдеш начин да ги победиш, особено што сите мислеа дека јас немам шанси против нив. Навистина беа скоро непобедливи, така што тоа беше мојот најголем предизвик во кариерата, да ги победам“, вели Вавринка.

Тој го освои Австралија Опен во2 014 гдоина, а славеше и на Ролан Гарос во 2015 и на УС Опен во 2016 година.

„Секогаш сум имал комплименти за Рафаел и за Новак, но Рожер е нешто посебно. секогаш ми било задоволство што доаѓаме од иста земја. Се знаеме со години. Кога почнав да играм, бев млад, а тој многу ми помогна. Не затоа што ми е пријател, но Рожер е најдобриот тенисер во историјата на овој спорт“, заклучува Вавринка.