Офанзивениот играч за врска на екипата на барселона, Филипе Кутињо, вели дека нема намера да се врати и повторно да заигра во англиската Премиер лига. Претходно беше објавено дека интерес за Бразилецот покажуваат Манчестер Јунајтед и Челзи.

„Во моментов размислувам само на Барселона. Враќањето во Англија не е во моите планови. Ја минувам само втората сезона во новиот тим. Веќе освоив неколку трофеи, но сакам повеќе и повеќе, бидејќи сум амбициозен. Среќен сум. Сакав да играм во Шпанија и сега играм за најдобриот клуб во оваа земја“, вели Бразилецот во интервју за англиските весници.