Фудбалерите на Џенова иако имаат играч помалку изборија реми 1:1 по првите 45. минути на „Сан Паоло“ и тоа благодарение на извонредната асистенција на нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев. Во завршните моменти од првиот дел, Куаме освои една топка го „вработи“ Пандев в лево, а овој како со навигатор го пронајде Лазовиќ кој со прекрасен волеј удар го израмни резултатот на 1:1.

Претходно, Наполи поведе со голот на Мертенс во 34. минута, само неколку минути откако Џенова остана без Стураро кој доби директен црвен картон поради еден жесток старт со отворен ѓон.