Македонскиот кајакар Ангелче Петрушевски е годинешен победник на 51. издание на популарниот Илинденски кајак слалом. Во финалните трки во К1 денеска на патеката крај Матка, Петрушевски имаше најдобро време во финалето и успеа да го остави зад себе Милош Јефтиќ од Србија. Третата позиција му припадна на вториот македонски репрезентативец Борче Мицевски.

Во категоријата Ц1, првото место му припадна на Панајотис Зисекас од Грција, втор заврши Србинот Горан Јовановиќ, а најдобар Македонец беше Христијан Игљатов кој го освои 4. место. Кај дамите во категоријата К1 првото место и припадна на Кристина Петровиќ од Србија.

ФОТО: Петр Стојановски