Со двата гола на Еден Азар, Челзи вечерва во последниот натпревар од 33. коло од Премиерлигата, го совлада тимот на Вест Хем.

Првиот гол Белгиецот го постигна во 24. минута кога „измеша“ 5-6 фудбалери на противникот, и стрелаше прецизно во голот на противникот.

Вториот гол Азар го постигна пред самиот крај, кога и дефинитивно стави точка на победата на „сините“ која ги „зацврсти“ на третото место на табелата во Англија.