Менаџментот на италијански Милан, по секоја цена сака да го донесе актуелниот предводник на Тотенхем, Маурицио Почетино, на кормилото на тимот на почетокот на следната сезона. Како што објави англиски „Мирор“, „росонерите“ се подготвени на Аргентинецот да му понудат фантастични 300 милиони фунти за летни засилувања, само тој да се нафати да биде дел од проектот „Милан“.

Милан е решен да тргне во битка за титулата следната сезона, а јасно е дека тоа со Џенаро Гатузо очигледно нема да биде изводливо. Тимот сака да донесе неколу екстра квалитетни играчи, но и сериозно да поработи на организациската структура во стручниот штаб.

Понудата за Аргентинецот е на маса, сега останува да се почека неговата реакција.