Селекторот Данило Брестовац по единствениот тренинг во Скопје пред првиот меч со Исланд во квалификациите за ЕП 2020, го дефинираше и списокот од 16 ракометари на чии услуги ќе смета за првиот дуел, в среда, во Рејкјавик.

Нема големи промени во основата на тимот, но има повратник Кукоски, кој треба да помогне во дефанзивната линија, а шанса ќе добија и младите Маџовски, Јагуроновски и Танкоски.

Составот за првиот дуел со Исланд изгледа вака: Ристовски и Митревски на голманската позиција, Манасков, Маџовски, Георгиевски и Поповски крила, Талески, Кузмановски, Н. Маркоски, Кукоски, Лазаров, Јагуриновски и Танкоски ќе ја сочинуваат бековската линија, додека В. Маркоски, Стоилов и Пешевски се пикерите.