Томица Главчев е една од водечките фигури на кошаркарскиот спорт во Гевгелија. Најпрво со Кожув, а во последниве две и пол години со проектот Блокотехна, успеава да покаже дека е еден од ликовите кои се обидуваат да го кренат нивото на македонската клупска кошарка. Блокотехна синоќа ја освои регионалната БИБЛ круна, а Главчев задоволен од успехот вели:

„Среќен сум што успеавме да ја освоите титулата. Се чувствуам малку тажно што тоа не успеавме да го направиме со Кожув, кој исто така е дел од мојата историја. Им посакувм еден ден и нив да им се случи истото. Среќен сум што во Гевгелија носиме трофеј кој ќе предизвика голема прослава. Се надевам дека овој трофеј е само еден чекор од нашиот пат и ќе продолжиме да се подобруваме во иднина“.