Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов во придружба на генералниот секретар Филип Милошевски го проследија единствениот тренинг на ракометарите во Скопје, пред утрешното заминување за Исланд.

Како што е редот претседателот Мукаетов го поздрави селекторот Данило Брестовац на неговиот прв тренинг како селектор, а истовремено и ги испрати ракометарите на Исланд и им посака успех во пресрет на квалификацискиот двомеч за ЕУРО 2020.