Пеналот кој беше досуден за Лацио во дуелот со Сасуоло, ставен е под „лупа“ од италијанските новинари, поради што портпаролот на римскиот клуб Артуро Дијаконале за клупската телевизија истакна дека клубот е дел од „теорија на заговор“ во која учествуваат медиумите и нивниот ривал Рома.

„Наодите дека пеналот не постоеше се само една грешна шпекулација. Мораме да прифатиме дека постои одредено однесување во голем дел од медиумите, особено оние од северот на земјата, кои имаат интерес да го стават Лацио во негативен контекст, а сето тоа во служба на другите клубови“, изјави Артуро Дијаконале.

Тој истакна дека целта е да се доведе Лацио во тешка ситуација пред пресојните натпревари, особено во дуелот против Милан во Купот.

„Ваквото однесување на медиумите креира психоза која се заканува да ја загрози нашата сезона. Медиумите мора да бидат независни.