Најдобрата ракометна машка репрезентација на Македонија предводена од новиот селектор Данило Брестовац, попладнево го одработи единствениот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“ пред заминувањето за Рејкјавик, каде в среда го игра првиот натпревар од квалификацискиот двомеч за ЕП 2020 во Исланд.

Во тимот недостасуваше само крилото Дејан Манасков, кој директно во Рејкјавик ќе и се приклучи на репрезентацијата.