Фудбалската Федерација на Македонија, односно Комисијата за натпревари, барем така велат нашите неофицијални информации, има намера Кораби да го предаде на дисциплинска комисија. „Спортмедиа“ синоќа објави дека на вчерашниот меч од Втората лига – Запад, меѓу Кораби и Струга Трим Лум се случил инцидент, во кој за малку ќе настрадал судијата Марјан Младеновски. Тоа значи дека имало обид за напад на службено лице, а тоа секако дека се санкционира. Казните се знаат, тие може да бидат парични, дебарчани може да минат и со опомени, но може да дојде и до суспензија на теренот на неколку натпревари. На крај да кажеме дека овој натпревар заврши со победа на Струга Трим Лум од 2:1.