Женската фудбалска репрезентација на Македонија одигра нерешено 3:3 во вториот пријателски натревар со Косово.

Сите шест погодоци беа постигнати во второто полувреме. Косово имаше предност од 2:0, но Македонија преку Крстаноска и Ристовска, која погоди од белата точка, изедначи на 2:2. Николовска беше таа која во финишот на натпреварот донесе водство за нашата селекција од 3:2, но Косово преку Мемети ги постави конечните 3:3.

Колку за потсетување Македонија и Косово одиграа пријателски натпревар и пред четири дена, но тогаш противникот славеше со 1:3.