Пред да се вивне во „ѕвездите“, еден од најдобрите играчи на денешницата Кристијано Роналдо играше шест години и во Спортинг Лисабон, во кој стигна на 12-годишна возраст, и во овој тим ги имаше првите натпревари во сениорска конкуренција.

И сега 16 години после неговото заминување, Спортинг сака да му оддаде почит, со тоа што ќе го смени името на стадионот.

Стадионот носи име „Жозе Алваладе“, по основачот на клубот и неговиот прв член. Роналдо во меѓувреме стана добро познат бренд, со што првите луѓе на клубот сакаат да го вметнат во новото име, и поради, меѓудругото, маркетиншки цели.

Така претседателот на клубот Фредерико Варандаш размислува новото име на стадионот да биде „Стадион ЦР7“, или да ги вклучи и двете легенди па да го носи името „Алваладе ЦР7“.