Според проценката на „Спортмедиа“, најдобар играч во изминатото 27. коло беше Марјан Радески од Шкендија. Тој за првпат по повредата се најде меѓу стартерите и едноставно беше брилјантен, се виде дека е гладен за игра, за голови. Шкендија со Радески доби многу во финишот на сезоната.

Покрај Радески во тимот на 27. коло од редовите на Шкендија се и Мурати, Бејтулаи и Тотре. Силекс победи во Струмица и затоа тука се стоперот Драшковиќ и стрелецот на голот Додев. „Пандевци“ ремизираа кај Вардар, од овој тим во идеалните единаесет се голманот Чубраковиќ и Пандев. Работнички победи на Чаир, а од тимот од Градски парк ги издвоивме Херера и Гофри кој им ги намести головите на Пеев и Илијоски. И секако мора да има место за Робсон Да Силва од Македонија ЃП кој го постигна голот на колото.

 

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МАРЈАН РАДЕСКИ

Тим: Шкендија

Роден: 10.02.1995

Кариера: 11 Октомври, Металург, Шкендија