Бивар Абдулах, 25-годишниот фудбалер кој игра аматерски фудбал во Ирак, многу потсетува на славниот Кристијано Роналдо.

Запознајте го човекот кој личи на португалскиот фудбалер.

Абдулах исто така се занимава со фудбал, но само аматерски, а неговата физичка сличност со Португалецот е навистина неверојатна.

Вели дека секојдневно го застануваат фанови и сакаат да се фотографираат со него. Фактот што личи на фудбалерот, не му носи многу профит.

„Многу луѓе ми рекоа дека личам на Роналдо, и покрај тоа што сум јас Арапин, Курд, странец…“, изјавил Абдулах кој додаде дека сон му е еден ден да го запознае вистинскиот Роналдо.