Русинката Анастасија Шакун стана позната низ целиот свет не поради блескавите настапи во уметничкото лизгање туку од друга причина. 16-годишната лизгачка била „фатена“ со допинг по настапот во Олумуц, Чешка во ноември минатата година.

Нејзиниот А и Б примерок биле позитивни на супстанцијата фуросемид, која е листата на забранети средства. Шакун имала коњуктивитис (инфекција на окото) и од аптека си купила капки и маст за очи, но не и паднало на памет да го прочита составот. Во лекот ја имало забранетата супстанција.

Од една страна Шакун стана за потсмев на социјалните мрежи поради глупавата санкција велејќи дека поради овој „допинг“ ептен ги подобрила спортските резултати, од друга страна повторно се врши притисок до светската Антидопинг комисија да не се срамоти со делење на санкции поради вакви слични случаеви.