Македонија засега остана на еден медал на Европското првенство во Букурешт, Романија. Владимир Егоров обезбеди бронза, но неговиот успех не го повтори и Могамедгаџи Нуров кој во борбата за бронзениот медал во категорија (-97 кг) изгуби од Азербејџанецот Нормагомед Гаџиев со 0-5. Гаџиев поведе со 1-0, па со 3-0 и на крајот заврши со 5-0.

Нуров ги победи Ијанатони и Мчедлизе во првите две кола, но загуби од Русинот Абдулрашид Садулаев во полуфиналето. А за третото место не успеа против Гаџиев.

Третиот наш борач Елемедин Сејфулаху утре ќе се бори за бронзен медал во категоријата (-61 кг). Противник му е Ренди Андрија Вок од Швајцарија.