Ако ланската сезона беа тим за потсмев (како првопласирани во плеј-офот беа елиминирани од последнорангираниот тим) тогаш оваа дефинитивно се тим број еден на универзитетската НЦАА-лига во САД, откако кошаркарите на Вирџинија кавалирс дојдоа до премиерната шампионска титула во ова натпреварување.

Тие во финалето кое се одигра на У.С. Банк стадионот во Минеаполис пред 72.062 гледачи го совладаа Тексас тек со 85:77 по продолженија.

Вирџинија доминираше во текот на целиот натпревар за на 12 секунди пред крајот на мечот да се најде во негатива од три поени. Де’Андре Хантер (вкупно 27 поени) беше херојот, кој со тројка донесе продолженија, а потоа и титула за својот тим.