Англиски фудбалски репрезентативец бил приведен во раните утрински часови откако предизвикал сообраќајна несреќа во областа Чешир. Станува збор за фудбалерот на Челси Дани Дринквотер кој се враќал дома после забава. 29-годишниот фудбалер го управувал својот „Ренџ Ровер“ во алкохолизирана состојба и удрил во автомобил марка „Шкода“. При ударот едниот автомобил излетал од патот, а другиот завршил во заштитната ограда.

Дринквотер и 33-годишната сопатничка, како и 30-годишна жена која управувала со другиот автомобил биле пренесени во болница поради телесни повреди, а сите се надвор од животна опасност.

Само неколку денови претходно Дринквотер бил виден како напушта ноќен клуб во Лондон со две девојки, а утрината веќе бил на тренингот на Челси. Во моментов тој не игра за Челси туку само тренира затоа што се лекува од повреда, а нема официјален меч веќе 13 месеци.